
Помело
Со љубов креирани детски производи
pomelo_mkd
Играј
Учи
Истражувај
Друштвените игри се одличен начин да поминеме квалитетно време со нашите деца!
За вас и вашите најмали креиравме многу добро познати игри, со илустрации од животни во прекрасни пастелни бои, со што ги направивме поинтересни за сите деца.
Не само што обезбедуваат забава за целото семејство и не зближуваат, тие исто така се моќна алатка за развој на моториката, говорот, социјалните и многу други вештини, ја подобруваат концентрацијата, координацијата, фокусот.
Децата учат брзо, но и многу сакаат да играат.
Започнете уште денес да играте друштвени игри со вашето дете и поттикнете го да учи додека игра.
Создадете време за игра!
Играјте друштвени игри.
ДРУШТВЕНИ ИГРИ ЗА НАЈМАЛИТЕ
СПОМЕНАРИ ЗА ДРУГАРИ, КОИ ТРААТ ВЕЧНО
ЗАЧУВАЈ СПОМЕНИ
Откријте ги нашите споменари во кои ќе ги зачувате сеќавањата од едно чудесно време во градинка и училште.
Во споменарите кои ги направивме со многу љубов, на 68 шарени страници има место за слики, авантури, соништа и желби на 30 дечиња, страници исполнети со забава кои ги развиваат социјалните особини кај децата.
На прашања соодветни за возраста, децата можат да одговорат со помош на стикери, детски печатчиња, и боички и на тој начин подобро се запознаваат меѓусебе и го запознаваат значењето на пријателството.
Зачувајте ги посебните моменти и првите другарчиња на вашето дете и за некоја година ќе имате можност, заедно да ѕирнете и за момент да се вратите во тие безгрижни денови на вашите најмили.
ПОМЕЛО споменарите се најубавиот потсетник на детството и секогаш претставува задоволство да се погледнат повторно.
ЗАЧУВАЈ СПОМЕНИ
Совршениот подарок за омилените учителки на вашите деца.
Учителките се неисцрпен извор на инспирација и мудрост.
Нивната добрина, топлина и разбирање прават нашите деца да се чувствуваат сигурни и поддржани.
Учителките имаат голема одговорност и привилегија да бидат дел од формирањето на животот на децата, тие се неворајтно важни и инспиративни личности во нивните животи.
Затоа ние креиравме споменар за учителки во кој ќе може да се потпишат сите деца, а да го има секоја учителка 🤍
Подарувањето на споменар во кој се потпишани сите деца на една учителка е убав начин да и изразите благодарност и почит кон нејзината работа.
Споменарот е личен и емотивен подарок кој ја илустрира врската меѓу учителката и децата. Тоа е нешто што таа може да го чува и прегледува во иднина, и да се сеќава на сите дечиња и генерации.
ЗАЧУВАЈ СПОМЕНИ и подари љубов 🤍
СПОМЕНАРИ ЗА УЧИТЕЛКИ
Thank you
Направете ваши фотографии, споделете ги со нас и добијте 10% попуст на следна нарачка!

pomelo_mkd